Новата Dacia Duster се тестира и подготвува за Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia работи на новата генерација на Duster SUV и истотот возило веќе е фатено од страна на папрацо фотографите за време на тестирањата по улиците. Тоа укажува на фактот дека возилото е во завршна фаза, а според најавите истото треба да биде претставено на саемот во Франкфурт.

Првите фотографии на Duster укажуваат на можно вградување на поеволутивни делови на надворешниот дизајн, иако на вака силната камуфлажа неможе многу да се препознае што сѐ ќе биде ново. Сигурно е дека нема многу да се менува во однос на изгледот што и досега донесе многу симпатии, а и на соодносот вредност за парите

Според новинарските пишувања новата генерација веројатно ќе се базира на Renault/Nissan CMF платформата, што исто така се користи на моделите како што се Renault Kadjar и Nissan Qashqai. Но, сепак прашање е дали Dacia ќе ја користи оваа платформа, или пак ќе ја искористи веќе постоечката која би добила само дополнителни унапредувања.

Ќе има и верзија со седум седишта што ќе се претстави подоцна. Внатрешноста ќе донесе некои подобрувања во однос на ергономијата, но во глобала ќе се задржи нивото што го имаше и досега, а тоа е да нема премногу технолошки иновации кои само би ја зголемиле цената, а сепак сето тоа ќе делува доволно привлечно за купувачите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK