McLaren Senna е модел на автомобил чие производство е ограничено на само 500 примероци, а за помалку од дvа месеци се забележани веќе две сообраќајки со овој суперспортски автомобил. После помалата несреќа која се случи на крајот на октомври во Германија, уште еден McLaren Senna учествуваше во сообраќајна несреќа, овој пат во Велика Британија.
За разлика од првиот инцидент, кога возачот на тукушто купениот автомобил загуби контрола над возилото и удри во ѕид, во новата несреќа покрај автомобилот на McLaren учествуваа уште два автомобили од кои еден се преврте. Добрата вест е дека во несреќата немаше повредени.
Што се однесува до скапоцениот спортски автомобил, видливо е дека има претрпено значителна штета на левата страна вклучувајќи уништено предно лево крило и оштетен систем за потпирано, додека тркалото и гумата исто така ќе мора да бидат заменети.
Ако се знае дека новиот McLaren Senna чини околу милион евра, а замената на делови и поправка на истите на овој автомобил може да биде значително скапа. Конечната одлука, сепак, ќе ја донесе осигурувањето кое треба да се процени дали се исплати да се поправа автомобили или тој ќе биде потполно отпишан.
https://youtu.be/Lh5YqamTil8
Моделот McLaren Senna претставен е на крајот од 2017 година. Овој хиперспортски автомобил, наречен по легендарниот, трагично загинат бразилски возач Аиртон Сена, располага со 800 коњски сили (589 kW) и 800 Nm. Од 0 до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди додека максималната брзина е 340 km/h.