На Twingo Cup трката на Гробник ќе има рекорден број возачи – деветмина Македонци

ОБЈАВЕНО НА:

Продолжува интернационалниот предизвик за македонските возачи, и повторно на позната авто патека

Откако претходната трка планирана за Серес, Грција за крајот од минатиот месец се откажа сега караванот на Twingo Cup се сели во Хрватска, на познатата патека Гробник во близина на Риека. За овој настап се пријавени рекорден број на возачи – 35. Трката е закажана за следниот викенд од 23 до 25 јули.

Повторно ќе има возач и до Италија, а како по обичај доминираат возачите од Словенија. Меѓу пријавените се наоѓаат и возачи од Србија и Унгарија. Покрај Словенците кои се најбројни, веднаш зад нив се Македонците. На оваа трка има пријавено девет возила од Automotive Group. Тие се натпреваруваат за првенството на Македонија.

За трката на Гробник се пријавени: Емил Начка, Ненад Костовски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Ангелче Стојковски, Иван Стефановски, Зоран Миракоски и Владимир Тренески. Во однос на претходните трки сега ќе отсуствува единствено Милан Ѓорѓевиќ. Тој е шестопласиран по првите четири трки возени во Унгарија и Словачка.

Во генерален пласман за првенството на Македонија водат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски, и двајцата со по 52 бода. на третото место е Мартин Костовски со 42 бода, пред Владимир Тренески со 35 бода. Секој тркачки викенд се возат по две трки, и за победа се добива по 20 бода на секоја трка.

На првите четири трки победуваа возачи од Словенија: двапати Ник Стефанчин, и по еднаш Матеј Ивануша и Лука Глазер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK