BMW го најави доаѓањето на електричната i4-ка во М50 верзија чија премиера треба да се случи на 1 јуни годинава. Автомобилот останува да се базира на CLAR платформата, а во електрична изведба ќе биде достапен со неколку верзии меѓу која и онаа со литиумско-јонска батерија од 80 kWh. Истата оваа верзија ќе располага со 530 КС, а до стотка ќе забрзува за околу 4 секунди.
Германските медиуми пренесуваат и дека 80% од капацитетот на батеријата ќе може да се наполни за помалку од 40 минути, а автономијата, во зависност од верзијата и батеријата може да достигне до 590 км согласно WLTP стандардите.
BMW i4 M50 ќе дојде со М спорт пакет на опрема што се карактеризира со спортски преден браник, спортски заден браник со дифузер, црни ретровизори и други црни елементи во екстериерот, сјајни рамки на страничните стакла, нови фелни…
Цената засега останува непозната.