Nissan со рекордна загуба

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan оствари рекордни финансиски загуби, соопшти самиот производител во соопштение до јавноста. Загубата е 150 милијарди јапонски јени што е околу 2,2 милијарди евра.

Причината за овој негативен финансиски резултат е пандемијата на коронавирусот која се’ уште е присутна, но и недостатокот на чипови што директно влијае врз неможноста за производство на автомобили.

Макото Учида, извршниот директор на Nissan во изјава за медиумите потенцираше дека поради истите причини очекува оваа година Nissan да не произведе повеќе од 500 илјади автомобили.

Веќе неколку години Renault Group во која спаѓа Nissan се соочува со финансиски потешкотии. Некои од аналитичарите сметаат дека оваа криза може да резултира со одвојување на Nissan од оваа Групација.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK