Nissan ги објави првите детали за комплетно новиот и 100% електричен модел – Sakura, кој е претставник на исклучително популарниот субкомпактен сегмент во Јапонија.
Nissan Sakura, кој ќе се појави во продажба ова лето, е опремен со батериски пакет со капацитет од 20 kWh и електромотор со капацитет од 64 КС и вртежен момент од 195 Nm. Во зависност од условите за работа, електричниот автомобил ветува слободен домет до 180 километри, со максимална брзина од 130 km/h.
Во домашни услови батеријата на Nissan Sakura ќе може да се полни до 8 часа, а при користење на системот за брзо полнење за околу 40 минути.
Sakura има основни димензии должина 3395 мм. ширина 1475 мм. и висина 1655 мм., а меѓуоскиното растојание е 2495 мм. Внатрешноста на моделот нуди простор за четворица, како и товарен простор со капацитет од 107 литри.
Голем број системи за удобност и безбедност може да се најдат во опремата на Nissan Sakura, вклучувајќи го и системот за паркирање со помош на ProPILOT Park, e-Pedal за забрзување и забавување со една педала, избор од три режими на работа на погонскиот систем – Eco , Standard и Sport, 7-инчна контролна табла, 9-инчен инфозабавен и комуникациски систем и многу повеќе.
Јапонците може да го нарачаат Sakura EV и онлајн преку видео врска зборувајќи со продавачот.