Покрај продажбата на фабриката, Nissan планира и намалување на бројот на вработени за околу 12.500 работници.
Јапонскиот производител Nissan одлучи да продаде две од своите европски фабрики како дел од планот за рехабилитација и подобрување на севкупните перформанси.
Во првата половина годинава Азуса Момосе, портпаролката на Nissan објави дека нема намера за продажба на фабриките, меѓутоа последните извештаи го покажуваат спротивното.
Блумберг пишува дека компанијата е во потрага на купувачи за фабриките во Велика Британија и Шпанија.
Покрај продажбата на фабриката, Nissan планира и намалување на бројот на вработени за околу 12.500 работници. За потсетување, претходно годинава Nissan отпушти околу 600 работници од фабриката во Барселона.