Во текот на мај оваа година од гаражите на Nissan ќе биде пуштена обновената верзија на компактниот кросовер Juke.
Моделот има промени во дизајнот на екстериерот, а во тој дел се обновената предна решетка, фаровите, фаровите за магла и три нови 16 и 18 цолови бандажи, нови екстериерни бои и можности за персонализација. Тоа се само основните новитети кај овој модел, а најавени се уште редица други.
Основен акцент кај обновента верзија на Juke е ставена и на воведувањето на пионерскиот и уникатен за Nissan аудиосистем BOSE Personal, кој е познат од новата Micra. Таа му дава можност на возачот да ужива во музиката додека вози со оглед на тоа што има 360- степено озвучување со уште два интергирани звучника на возачкото седиште BOSE UltraNearfield колони.
За новата верзија на Juke од Nissan предвиделе и две нови боди за персонализација. Се работи за Energy Orange и Power Blue. Има можност за примена на централната конзола, за вентилациски отвори, панели на вратите, поквалитетна кожа за воланот…
Секое возило од претставниците на обновениот Nissan Juke е опремен со клима, ретровизори и предни и задни стакла со електрично управување, аудиосистем со CD, диодни дневни светла и друго.
Топ верзијата Tekna стандардно е опремена со високотехнолошки системи за зголемување на активната безбедност и подобрување на управувањето како Lane Departure Warning, Blind Spot Warning, Intelligent Around View Monitor.