Како еден од сериозните докази дека одреден бренд на пневматици е квалитетен покажува фактот каде истите имаат „прво вградување“ во автомобилите што излегуваат од производната лента. Корејскиот бренд Nexen станува сериозен играч во светски рамки, а нивниот квалитет е препознаен од многу врвни автомобилски брендови како Porsche, Audi, VW, renault, Fiat, Chrysler, Skoda, Hyundai, Mitsubishi, Suzuki, Seat, Kia…
Во иднина понудата на Nexen посериозно ќе биде достапна во Македонија преку нивниот партнер Мотоцентар, кој станува официјален дистрибутер за нашата земја.
Nexen е амбициозен бренд кој претендира да влезе во лигата на премиум брендови. На помоцијата во Скопје беше претставена летната понуда на пневматици – модели со шара “N’FERA Sport“ и “N’FERA Sport SUV“.
Моделите пневматици “N’FERA Sport” и “N’FERA Sport SUV“ се европски, премиум спортски гуми кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози. Со моделот “N’FERA Sport“, кој е дел од оригиналната опрема пневматици на новата верзија од втората генерација автомобили Порше Панамера (Porsche Panamera), уште еднаш се потврди високото ниво на соработка помеѓу овие светски компании.
“Нашата деловна филозофија на мобилност е фокусирана на луѓето. Со високо ниво на квалитет и доверба, креираме нови вредности создавајќи пневматици за нови модели на автомобили од врвните светски брендови на луксузни возила. Партнерството со “Мотоцентар“, како наш официјален дистрибутер за Македонија се надоврзува токму на оваа филозофија. Во светот на брзината, имаме за цел на нашите корисници да им овозможиме секојдневна поддршка и безбедност.“, изјави Ивица Васиќ, регионален менаџер за продажба на Nexen за Балканот.
Компанијата “Нексен Пневматици“, е основана во 1942 година, и е водечки светски производител на пневматици со седиште во Јужна Кореа. Со почеток на производство во 1942 година, како прва во оваа дејност, во периодот на 80-ите и 90-ите, Nexen еволуира во компанија со светска технолошка умешност преку технички врски со глобалните гиганти за гуми.
Како еден од најбрзо-растечките светски производители на гуми, Nexen комуницира со приближно 150 земји ширум светот каде се достапни Nexen пневматиците, произведени во четирите производствени капацитети на компанијата (2 во Кореа, една во Кина, една во Чешка). Компанијата произведува гуми за патнички автомобили, теренци и лесни камиони.