Некои се тркаат за вакцини, други за чипови

ОБЈАВЕНО НА:

Како што фармацевтските компании минатата година ја започнаа трката за создавање на вакцини со кои ќе се стави крај на пандемијата, така технолошките гиганти ширум светот ја започнаа трката за развој и производство на чипови.

Никој не очекуваше дека во моментов недостатокот на чипови кои се неопходни во автомобилската индустрија за производство на автомобили, ќе биде многу поголема закана за оваа индустрија отколку самата пандемија на коронавирусот.

Многу производители од САД и Европа се соочуваат со недостатокот на чипови поради што Volkswagen, Stellantis, Ford, GM мораа привремено да го запрат производството.

Првиот човек на американскиот гигант Intel соопшти дека компанијата ќе се насочи кон развој и производство на чипови за автомобилската индустрија. Целта е да се зголеми понудата на чипови на пазарот со што ќе се задоволи потребата на автомобилската индустрија.

Пет Гелсингер, првиот човек на Intel во изјава за Ројтерс наведува дека оваа одлука доаѓа откако имале разговори со официјални лица на Белата куќа. Целта е да се помогне на домашната автомобилска индустрија кој е двигател на економскиот развој на САД.

Со ова, практично започнува трката за производство на чипови која ја започнаа и бројни компании од Кина, Јапонија, Јужна Кореа…

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK