Наскоро: Новите возила во ЕУ ќе имаат ограничувач на брзината

ОБЈАВЕНО НА:

За поголема безбедност на патиштата од Европската Унија стигнуваат вести за нови предлози со кои треба да се намали бројот на жртви. Европската агенција за безбедност во сообраќајот презентираше предлог во кој се наведува дека сите нови автомобили што ќе се продаваат во земјите на Европската унија ќе добијат ограничување на брзината.

Членовите на Европскиот парламент го усвоија овој предлог и оваа мерка треба да се спроведе во рок од три години. Intelligent Speed Assistance (ISA) е софтвер кој ги препознава сообраќајните знаци и GPS податоците и на тој начин ја одредува максималната дозволена брзина на одреден дел од патот.

Потоа автоматски ја ограничува брзината на возилото за да се спречи пребрзoто возење. Европската агенција за безбедност во сообраќајот проценува дека овие ограничувања на брзината ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи за 30 отсто и ќе сочуваат 25.000 животи во првите 15 години од времето кога ќе почнат да важат.

Според податоците од РСБСП во Македонија во 2015 година загинале 148 лица, во 2016 – 165 лица, а во 2017 година – 155 лица. Во последната сообраќајка на почетокот на месецов на автопатот Тетово – Скопје загинаа 15 лица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK