Најпродаваните модели годинава во земјите во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата од Велика Британија JATO Dynamics објави класификација на најбараните модели во 28 земји од Европа од почетокот на оваа година.

Како најкупуван модел во овие неколку месеци е Volkswagen Golf, но во близина е модел кој е со слични перформанси од компанијата од Чешка.

Сепак, не е исто во сите земји и убаво е да се види како котираат автомобилите низ Европа.

Австрија

Од почетокот на 2018 година во Австрија се продадени 4.281 возило од марката Golf. На 2. и 3. место се Volkswagen Polo и Tiguan (3394 и 3066 продадени возила).

Белгија

Golf фигурира највисоко на листата и во Белгија со 5.246 возила. Потоа следуваат Renault Cliog (4.868) и Hyundai Tucson (4 007).

Велика Британија

Британцитего претпочитаат возилото Ford Fiesta, кое се најде пред Golf. Предноста е голема, а разликата во бројките на продадените возила е 40.619 спротив 26.685. На 3. позиција се наоѓа Nissan Qashqai (21.171 возила).

Германија

Со 65.327 продадени автомобили Golf е недостижен на врвот. Втор е Passat (24.370), додека на 3. позиција е Ford Focus (23.383).

Грција

Кај јужниот сосед на Македонија од почетокот на 2018 година се купени 2.267 возила од Toyota Yaris. Следуваат Peugeot 208 и Nissan Micra со резултат од 1.791 и 1.456 продадени автомобили.

Данска

Ова е единствената земја каде Peugeot води по продажба. Заслугата за тоа ја има моделот 208, од кој се продадени 2.968 примероци. Следуваат Nissan Qashqai со 3.095 и Golf со 2.245 автомобили.

Естонија

Од почетокот на годината во балтичката земја се купени 361 автомобил Оctavia. Зад ова возило се Toyota RAV4 и Toyota Avensis со 347 и 289 возила.

Ирска

Најкупуваниот модел во земјата е Nissan Qashqai (2.968 возила), кој успеа да го симне од врвот лидерот од минатите две години, Hyundai Tucson. Сега автомобилот од Кореја го зазема 2. Место со 2.822 продадени возила, додека Golf со 2.521 возило е трет.

Шпанија

На првото и на второто место на шпанскио пазар сосема логично се наоѓаат модели на Seat. Се работи за Ibiza и Leon кои имаат продадено по 13.704 односно 12.308 возила. Третото место е за Nissan Qashqai со 10.673 возила.

Италија

На врвот на водечката тројка според продажбите се само модели на Fiat. На врвот е Panda (43.486 возила), следува моделот 500 (21.503), додека трет е 500Х (21.307).

Летонија

Иако има само 309 продадени возила лидер на пазарот во Летонија е Golf. Го следат Nissan Qashqai и Toyota RAV4 со бројки од 273 и 187 продадени автомобили.

Литванија

Fiat 500 е возилото кое е најпривлечно за Литванците и од почетокот на оваа година се купени 897 автомобили. Популарен е и 500X со 629 додека на 3. место е Octavia со 382 возила.

Луксембург

Во малата земја од почетокот на годинава се купени 898 возила Golf. Tiguan се наоѓа на 2. позиција со 385 продадени автомобили, додека Renault Clio е трет со 363.

Норвешка

Најпопуларниот модел во државата од Скандинавија е Nissan Leaf (3.995 продадени возила). VW Golf е втор со 2.986, додека на третото место е електромобилот BMW i3 (2.043).

Полска

Првите две места по продажба ги заземаат Skoda Octavia и Fabia. Од нив се продадени 7.267 и 7.106 примероци. Третото место е за Toyota Yaris (5.735 возила).

Португалија

Од почетокот на годината Португалците имаат купено 5.172 возила Renault Clio. Nissan Qashqai и Peugeot 208 имат еднаков резултат од 2.577 автомобили.

Русија

Тројкаа на најпродавани модели во Русија ја оформуваат Kia Rio (33.893), Lada Vesta (32.119) и Lada Granta (28.004).

Романија

Првите две места се за моделите на Dacia – Logan и Duster (5.220 и 2.399). Skoda Octavia го симна Sandero од 3. позиција с 1.201 продажби.

Словачка

Лидери на словачкиот пазар се истите возила како и во Чешка. Се работи за: Skoda Octavia, Fabia и Rapid (1.909, 1.778 и 1.160 продадени возила).

Словенија

Најкупуваниот модел во земјата е Renault Clio (1.582 автомобили). Го следат Golf и Polo (1.101 и 986).

Унгарија

Лидер на пазарот во Унгарија со 4.300 продадени автомобили е Suzuki Vitara. Skoda Octavia ја избрале 2.246 лица додека на 3. Место е е Opel Astra со 1.683 примероци.

Финска

Со 2.105 продадени автомобили Octavia е лидер и во Финска. Следуваат Nissan Qashqai (1.890), и Toyota Yaris (1 715).

Франција

Renault Clio нема конкуренција во родната земја. Од моделот се продадени 42.374 примероци. Следуваат Peugeot 208 со 37,241 и Citroen C3 со 30.005 автомобили.

Холандија

Холанѓаните најмногу купувале возила од марката Golf, а се работи за 5.643 автомобили. Ford Fiesta и Renault Clio се на 2. и 3. место со продадени 4.448 и 4.192 автомобили.

Хрватска

Трите најкупувани модели во оваа земја се: Skoda Octavia, Renault Clio и Opel Astra со по 1.253, 1.090 и 699 примероци.

Чешка

Skoda без изненадување води според продажбите во Чешка. На врвот е Octavia со 9.510 возила. Следуваат Fabia (7.730) и Rapid (5.210).

Шведска

Новата генерација на Volvo S90/V90 води во класификацијата во родната Шведска со 11 илјади продажби. Следуваат Volvo – XC60 (5.461) и VW Golf (5.432).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK