Оваа година ќе биде навистина интересна кога се во прашање премиерите на автомобилите низ светот.
Се очекува промоција на малкулитражни автомобили, семејните хечбек возила, премиум седаните, кросоверите, купе возилата со чеити врати, спортските автомобили, електромобилилите и дури и на СУВ возилата.
Иако има уште многу до промоциите, сепак, веќе е познато за добар дел од нив дека ќе се случат во следните неколку месеци. A за некои постои најава, но се уште не се официјално најавени, така што бројот на автомобили што треба да дојдат сигурно ќе биде поголем.
Во продолжение ќе можете да прочитте за тие возила по азбучен редослед.
Audi Q4
Од Audi продолжуваат да ја понудата на СУВ возилата, а оваа година тоа ќе се случи со моделот Q4. Тоа е купе и полуксузна верзија на Q3.
Aurus Komendant
Руските премиум возила ќе се здобијат со уште еден член на семејството. Моделот Komendant ќе биде СУВ со турбо V8 4.4 мотор (598 коњски сили).
BMW X6
Минатата година Баварците го претставија новото Х5, кое уште тогаш најави дека годинава ќе можеме да бидеме сведоци на новото Х6. Тоа ќе биде со ознаката G06.
Chevrolet Corvette
Култниот американск спортски автомобил радикално ја смени конструкцијата, минувајќи од стандарден мотор во предниот дел на среден.
Jaguar XJ
Флагманот на „мачките“ се прави веќе десет години, а тоа е доста долг рок имајќи превид дека Mercedes, BMW и Audi ги менуваат флагманите на седум години. Во 2019 година конечно ќе се појави новиот ХЈ.
Land Rover Defender
Во последните 18 месеци сме сведоци на смена на генерациите на култните сув возила, како Mercedes Gelandewagen, Jeep Wrangler и Suzuki Jimny. Сега дојде време и за Defender.
Mercedes-Benz GLS
Главната премиера за 2019 година на Mercedfes-Benz ќе биде појавта на новата генерација на најголемиот и луксузен GLS.
Nissan Juke
За десет години Juke може да се нарече култен модел. Прво дизајнот одвраќаше доста луѓе, а сега е омилен кај многумина. Во 2019 година ќе се појави на сцена новиот Juke.
Porsche Taycan
Неверојатно, но првиот електричен Porsche во светот нема да биде СУВ, но ќе биде низок и спортски седан. Специјално за Taycan е развиена и нова платформа.
Skoda Octavia
Во текот на есента ќе бидеме сведоци и на новата генерација на најпопуларната Skoda. Новата Octavia ќе биде замена за контраверзниот модел.
Tesla Model Y
Тоа ќе биде малиот кросовер на Tesla, чие производство е веќе сигурно според зборовите на Елон Маск. Добро познат факт е и дека сите негови изјави стануваат реалност.
VW Golf 8
За развојот на својот бестселер Volkswagen потроши 1,8 милијарди евра, а голем дел од нив отидоа за модернизирање на платформата MQB. Ова значи дека претстои нешто многу интересно.