Системот за брзо предупредување на ЕУ за опасни непрехранбени производи на Европската Унија издаде соопштение дека кај одреден број возила Opel Corsa е пронајден проблем со големината на монтираните бандажи. Се работи за над 20.000 возила чија земја на производство е Франција, а слични проблеми се пријавени и кај возила продадени во Грција, Полска, Шведска и Словачка.
Во објаснувањето за дополнителното повикување на возилата во сервис се вели дека „неточни бандажи може да се монтираат поради неточни информации за опсегот (ET) за бандажите на тркалата од 16 и 17 инчи наведени во EC сертификатот за сообразност (CoC).
Како резултат, може да се појави контакт помеѓу гумата и телото, што може да предизвика пукање на гумата поради внатрешниот притисок и да доведе до зголемен ризик од несреќа“.
Со овој повика за сервисирање се опфатени возила произведени во периодот од 19 декмеври 2019 до 31 јули 2020 година.
Opel recall code: E202006770 (21-C-021)
Affected models: Corsa
Vehicle numbers (worldwide): 21 149
Source: Rapex Alert 22/2021 A12/00775/21