Компанијата Hyundai Motor Company објави дека светската премиера на комплетно новта и прва по род спортска KONA N ќе се одржи на 27 април за време на пилот изданието на тематскиот настан на брендот, N Day.
Од Hyundai споделуваат дека за време на N Day настанот, покрај премиерата на KONA N ќе бидеме сведоци и на дополнителни новости околу брендот, поврзани со филозофијата на брендот, нови средства и идниот развој на низа спортски електрифицирани автомобили.
Hyundai KONA N, која ќе биде претставена од Алберт Бирман, претседател и директор на развојното одделение на Hyundai Motor Group, не само што е уште еден додаток во спортското N-семејство на брендот, туку и првото од родот на СУВ понуди.
„Многу сме возбудени што го претставивме Kona N, вистински спортски теренец со сето задоволство при возење што го нуди N”, вели Тил Вертенберг, потпретседател и директор на N одделот на Hyundai Motor Company.
„Со првиот настан N Day имаме за цел да ја продолжиме историјата на N и да ја споделиме нашата визија со овој дигитален формат, за да се доближиме уште повеќе до нашите ентузијасти“, додава Вертенберг.