Му ја исплатија последната плата со 91.000 замастени монети (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Чуден инцидент меѓу механичар и сервис во кој до скоро работел се претворил во интернет сензација и почнува да се среќава во американските весници. Мајсторот со име Андреас Флетон и сервисот А-ОK Wаlkеr Luxury Аutоwоrks ја завршија нивната врска во ноември 2020 година, но изгледа дека не е целосна.

Мажот ја чекал последната плата во изност од 915 долари неколку месеци и после неколку јавувања и предупредувања дека случајот ќе се најде на суд, од сервисот, сепак, плаќаат надосместок, иако на почуден начин. Флетон, дознава дека добива плата откако маж буквално истовара 91.500 монети пред неговата куќа на 12 март. Како што можеда се види и во видеото секоја монета е покриена со некаков вид на течност, која според механиката е од сопирачките.

До овој случајот се стигнало откако според Андреас, сопственикот на сервисот не покажал разбирање. Уште при почетокот на соработката, двете страни се договориле за работно време со кое младиот човек можел да излезе да го земе детето од градинка. Со настапувањето на пандемијата и затворањето на градинките, Флетон требало да излегува порано од работа и да се грижи за детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Oxley (@ox_isms)

Тој тврди дека после неколку различни настани донел одлука да ја напушти работата и поднел барање за двонеделно отсуство од работа од кои изработил пет дена после лошо однесување од страна на шефот. Ситуацијата завршува без да се стигне до поголем дуел меѓу двете страни, но семејството споделува дека било потребно доста време за да се справат со големиот број на монети.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK