Можеби загадува ама е штедлив: VW Passat мина 2.600 км. со еден резервоар

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога во Америка има голема кампања со која се објавува „војна“ на VW поради лажирањето на податоците за емисијата на издувни гасови, стигнува вест која укажува на штедливоста на Германците.

Брачен пар со модел Passat TDI седан со шестстепен мануелен менувач со еден полн резервоар гориво успеале да минат рекордни 2.617 км. Притоа минале низ девет американски држаи и го надминале досегашниот рекорд на Pasat Blue Motion дизел.
Рекордот бил постигнат во период од 3 до 5 април, со почетна станица Хјустон и цел во Вирџинија.

За патувањето да биде пореално во автомобилот имало и 54 кг. багаж и возеле само денски. Возеле во смени, најмногу по 14 часови дневно. Автомобилот имал 140 КС и 321 Нм. вртежен момент. Според фабричките податоци, со мануелен менувач овој автомобил троши 5,5 литри на 100 км. на автопат.

На тридневното патување била остварена просечна потрошувачка на гориво од 2,8 литри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK