Моделот Peugeot 405 се уште се произведува – нов, чини 7.800 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Некои модели на Peugeot се безвременски, па иако ги нема во понудата на дилерите се уште се возат по улиците, а нивните сопственици тврдат дек атоа се автомобили без мана. Како потврда на тоа, еден модел на Peugeot иако одамна нема да го најдете во понудата, сепак се уште се произведува и се продава. И воопшто не е скап – само 7.800 евра.

Да, се работи за нов модел. Легендарниот модел 405 која во Европа се произведувал во периодот од 1987 до 1997 година, и сега излегува од производната лента. Но, не во Европа. Моделот се произведува во Иран.

Автомобилот, нов излегува од лентата во Иран Ходро и ги задржува традиционалниот изглед и внатрешна опрема.


Достапна е со два атмосферски мотори: 1,8 литарски SOHC со 101 КС и 1,6 литарски со 16 вентили и сила до 109 КС. Без разлика на моторот возилото доаѓа со 5 степен мануелен менувач, посилниот агрегат доаѓа и со 4 степен автоматски менувач.

Доколку сакате моделот да го купите и увезете во Европа, нема да можете бидејќи не е одобрен бидејќи не ги задоволува најновите еколошки и безбедносни норми кои сега постојат на стариот континент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK