Моделот 3 на Tesla доби дозвола да се продава во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот 3 на Tesla конечно доби зелено светло за продажба и користење на јавните патишта во Европа.

Агенцијата за возила на Холандија го издаде потребниот сертификат со кој овој автомобил во целост ги исполнува неопходните барања за продажба во Европската Унија. Со ова моделот 3 ќе започне без проблем да се продава на европскиот пазар.

Најефтината изведба на моделот 3 ќе чини 58,800 евра додека најлуксузната ќе изнесува 89,000 евра.

Овој модел е адутот на Tesla за освојување на европскиот пазар пред се поради релативно ниската цена. Намерата на американскиот производител е токму овој модел да генерира најголем дел од продажбата во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK