Инженерите од Универзитетот Вашингтон неделава во јавноста претставија функционален прототип на мобилен телефон без батерија. Нивното решение, наместо на зголемување на капацитетот на батеријата за подолга автономија, се потпира на собирање на енергија од околината.
Овој прототип тоа го прави со помош на мали ќелии кои се во сосотојба да произведат електрична енергија од радио бранови или светлина – извори кои се присутни во речиси секој дел од светот.
Мал чип со големина на зрно ориз на тој начин може да произведе околу 3,5 микровати струја, што е доволно за извршување на основните функции на овој телефон. Извршување на гласовни телефонски позиви се изводливи доколку некој приемник на електромагнетни бранови, како базна станица е одалечена на најмногу 9,4 метри, или ако постои доволно силен извор на светлина.
Комуникацијата засега може да се воспостави со базната станица на одалеченост од најмногу 15 метри, што е доволно за докажување на овој концепт дека функционира.
Како функционира мобилниот можете да погледнете во видеото.