Како изгледа кога Ferrari треба да се натпреварува на песок, а за ривал има римска кочија влечена од два коња? Битка на коњски сили каква што досега не е видена.
Очекувано, победува „едното коњче“ иако и дозволи на кочијата половин акруг предност.
Сцената на трката е снимена во филмското студио Чинечита крај Рим каде на крајот од 50-те години од минатио твек е снимен и легендарниот филм Бен Хур.
За делумно да биде трката израмнета Ferrari не користеше тракшн контрол, но ниту тоа не го исфрли од победничкиот колосек.