Место за паркирање што чини 375.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Живеење во голем град секогаш е поврзано со проблем со паркирање. А кога има недостаток од пракинг места – растат цените. Возилото не е само да го поседувате и до имате во гаражата. Треба да го возите и да го паркирате. Тоа некогаш е поскапито дел.

Кој и да го купи овој гаражен простор неодамна наведен за продажба во Бостон, ќе мора да вози прилично сериозен суперавтомобил за да се осигура дека автомобилот вреди повеќе од паркингот.

Понуден за продажба преку луксузниот агент Campion and Company, предметниот паркинг има цена од 375.000 долари, што го прави скап како и просечната американска куќа, иако не во Бостон, каде што куќите чинат околу 75 проценти повеќе од националниот просек.

Цената од 375.000 долари значи дека треба да паркирате нешто поскапо од Lamborghini Huracan STO (328.000 американски долари) или Rolls Royce Cullinan (335.000 долари за автомобилот да ја надмине цената на паркингот.

Според весникот Бостон Хералд, пентхаус во зградата над гаражата од околу 35 м2 неодамна е продаден за околу 6,3 милиони долари. Весникот тврди дека поевтина опција за возачите со потврден доказ за локален престој е да добијат дозвола за паркирање на улица за 25 долари годишно. Но, паркинг места во околината е тешко да се најдат поради големиот број автомобили, а зимското време може да ги закопа автомобилите преку ноќ под планината снег.

Ако имате пари за голем пентхаус ќе имате и за паркинг место, па тоа да чини и со шест цифри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK