Од Mеrсеdеs-Bеnz одлучија да се разделат со околу 25 претставници во Европа, а поголемиот дел од нив ќе бидат во Шпанија, Белгија и Велика Британија. Се очекува тие да бидат продадени, а за секое од седиштата, Германците очекуваат да добијат меѓу 30 и 40 милиони евра.
Вкупната заработувачка која се очекува да влезе во касите на Mеrсеdеs e oкoлу 1 милијарда евра, а овие пари ќе бидат инвестирани директно во електричните автомобили. Во исто време продажбата на зградите ќе се намали и трошоците на компанијата, а тие повеќе нема да бидат поддржани од неа.
Од Mеrсеdеs, сепак, имаат еден услов во пренесување на сопственоста на различните претставништва и центри.
Тие сакаат сите бработени да ги зачуваат своите работни места, а според податоците на брендот танува збор за околу 2.800 лица на различни позиции.