Како изгледа испораката на божиќна елка со 410 КС? Британскиот производител Lotus тоа најдобро го знае.
На својот YouTube канал британскиот производител објави видео во пресрет на божиќните празници во кое главна улога е Lotus Evora. Видеото е исполнето со многу дрифтање и адреналин.
На крајот од брилијантното видео елката пристигнува сосема безбедно на крајната дестинација.