Mercedes за кој не сте слушнале! (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz својот мини автомобил го пушта делаку пред појавата на A-Klasse и Smart.

Доколку не сте го знаеле овој податок досега можете да погледнете и на фотографиите, а возилото кое е на истите е старо околу 40 години и се нарекува Mercedes-Benz NAFA. Првата појава во јавноста била во 1981 година.

Она што е невообичаено за тогашните модели на Mercedes-Benz е што возилото е со погон на предните тркала. Моторот е трицилиндричен, а работниот обем е еден литар. Моќноста на моторот е само 41 коњска сила.

Mercedes-Benz NAFA располага со автоматски менувач и со куп додатоци кои не се достапни за така мал автомобил. За жал прототипот е запрен од сериско производство.

Причините се слабата сигурност на автомобилот според стандардите на Mercedes. Сепак, оваа компанија во значителен степен смета на сериоско производство на мали градски автомобили како A-Klasse и Smart.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK