Mercedes подготвува мал автомобил како конкуренција на Mini

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот магазин AutoBild повикувајќи се од извори од производителот од Штутгарт открива дека Mercedes-Benz планира да лансира најмал модел во својата понуда.

Позиционирајќи се под А класата, новиот модел на пазарот треба да се појави како конкурент на Audi A1 и Mini автомобилите.

Според германскиот медиум, новиот модел ќе биде со три врати и на пазарот би се појавил во текот на 2022 година носејќи го називот A-City. Нејасно е дали овој модел ќе биде достапен само на електричен погон или не, но сигурно е дека влегувањето на германскиот производител во сегментот на мини автомобил значително ќе ја “протресе” тамошната конкуренција.

Самото влегување на овој бренд во овој сегмент значително ја компликува иднината на Smart, бренд кој функционира во рамките на Daimler, а кој изминатата година се шпекулираше дека ќе биде продаден.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK