Mercedes и Ferrari одбија учество во мини серијата на Netflix

ОБЈАВЕНО НА:

Формула 1 тимовите на Mercedes и Ferrari одбија да ги отворат вратите на камерите на Netflix и со тоа во целост да учествуваат во нивната мини серија насловена како “Formula One: Drive to Survive”.

Од продукцијата се надеваа дека со отворањето на вратите од страна на италијанскиот и британскиот конструктор ќе успеат да ја доловат битката помеѓу Луис Хамилтон и Себастијан Фетел за првата позиција, но овие конструктори го одбија барањето на Netflix.

“Тие направија една контра услуга за навивачите и спортот сo неучеството” изјави извршниот продуцент Пол Мартин. Критикувајќи ги овие два тима, Мартин запраша како е можно понудата да е во ред за сите останати тимови кои прифатија да учествуваат, но не и за Mercedes и Ferrari.

И додека Ferrari не објави соопштение во врска со ова, во јавноста се огласи ПР службата на Mercedes. Во соопштението се наведува дека екипата била неподготвена за вакво нешто пред се поради посветеноста на целиот тим кон натпреварувањето и реализирањето на примарната цел, а тоа е освојувањето на првата позиција во крајниот пласман.

Останува надежта кај Ф1 фановите дека можеби во иднина ќе имаат можност одблиску, со бројни драматични моменти да видат што се се случува зад затворените врати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK