Mercedes-Benz повлекува над еден милион возила

ОБЈАВЕНО НА:

Повикувањето на автомобили на дополнителен и вонреден сервис, или како што најчесто се нарекува „повлекување“ претставува голем трошок за производителите, но и закана за нивната репутација. Tesla најави повлекување на илјадници автомобили на почетокот на оваа година, а сега со иста таква најава е и Mercedes-Benz.

Германскиот производител ќе мора да повлече над 1,3 милиони возила поради грешка во системот за итни повици. Како што наведуваат оттаму, поради грешки во софтверот, во итните ситуации, софтверот може да повика погрешна локација после несреќата.

Оваа грешка е утврдена кај моделите од класите CLA, GLA, GLE, GLS, SLC, A, GT, C, E, S, CLS, SL, B, GLB, GLC и G, произведени во периодот помеѓу 2016 и 2021 година. Дополнително, Daimler ќе ги повлече и бројни примероци од моделите Metris, произведени во периодот од 2016 до 2020 година и од моделот Sprinter произведени во 2019 и 2020 година.

Mercedes-Benz соопшти дека ќе ги извести сите сопственици на спортни возила за тоа кога ќе се направи апдејтирање на софтверот. Секако, сето тоа ќе биде бесплатно односно ќе падне на товар на германскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK