Компаниите Daimler и BMW ја разгледуваат можноста за соработка во изработката и производството на клучни автомобилски компоненти. Целта на концерните е да ги намалат трошоците за проектирање на платформи, акумулаторни батерии и технологии за автономно управување.
Информациите велат дека од Daimler и BMW се на почеток на преговорите, а соработката би требала да биде ограничена во области кои не го засегаат ноу-хау на двете компании кои се ривали. Одлуката за ова дојде од желбата за поделба на инвестициите за изработка на електромобили и беспилотни возила, кои веќе ги принудија двата концерни да ја намалат прогнозата за профит.
Евентуалното технолошко партнерство нема да биде првото искуство за соработка меѓу Daimler и BMW.
Компаниите од Германија веќе имаат договор за заедничко купување на компоненти и заедно ја имаат купено картографската услуга HERE за 2,5 милијарди евра од Nokia. Годинава конкурентите одлучија да ги обединат услугите за заеднички туристички услуги.