Килијан Мбапе може да се пофали со еден од најскапите автомобили на баварскиот производител што го доби на користење додека е член на Реал Мадрид. Но, нема да може да го вози, туку ќе мора да има шофер. По неговото пристигнување во Реал Мадрид, францускиот репрезентативец доби службен автомобил, како и другите играчи, тренерот Анчелоти и претседателот на клубот Перез.
Според спонзорскиот договор со BMW, тие имаат по еден германски автомобил по сопствен избор, кој ќе го користат додека се во тој клуб. Единственото ограничување е тоа што моделот мора да биде електричен.
Француската суперѕвезда беше претставен како најновото засилување на „Кралскиот клуб“ на почетокот на овој месец по повеќегодишни шпекулации кои го поврзуваа со преселба во шпанската престолнина.
Играњето за најголемиот клуб во светот носи многу придобивки. Еден од нив е подарок од една од најпрестижните автомобилски марки BMW благодарение на тригодишниот спонзорски договор што Реал го има со германскиот производител.
Според шпанскиот весник „Марка“ Мбапе додека е во Реал Мадрид на располагање ќе има луксузен седан BMW i7 M70 xDrive, чија цена е околу 200.000 евра. Овој електричен автомобил има два мотори, едниот на задната оска со 489 КС, а другиот на предната со 258 КС.
Од 0 до 100 забрзува за неверојатни 3,7 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h.Ниту една таква екстраваганција не е толку интересна како тоа што Килијан Мбапе нема возачка дозвола, па нема да може самиот да го вози ова BMW.