Mazda во Македонија ќе има нов сопственик

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот автомобилски холдинг во Бугарија – Auto Union AD, дел од Eurohold Bulgaria AD, потпиша прелиминарен договор за продажба на својата подружница Стар Моторс – официјален увозник на автомобили Mazda за Бугарија и за Македонија .

Купувач е M Trux Bulgaria која има долгогодишно искуство во продажба и одржување на моторни возила и е официјален увозник на камиони MAN за Бугарија. Документите за претстојната трансакција се веќе доставени до Комисијата за заштита на конкуренцијата и се очекува одобрение, се вели во соопштението на компанијата од Бугарија

Стар Моторс е основана во 2000 година и е главен увозник на автомобили Mazda за Бугарија и за Македонија. Компанијата има сопствени и овластени продажни и сервисни центри во 9 градови во Бугарија и салон за автомобили со сервис во Скопје.

Договорот е дел од развојната стратегија на Eurohold, која предвидува продажба на автомобилскиот и лизинг бизнис на групацијата и фокус на енергетскиот и осигурителниот бизнис по преземањето на компаниите на CEZ Group во Бугарија.

Во јуни, Auto Union ја продаде својата подружница N Auto Sofia – главен дилер на автомобили Nissan и мнозински сопственик на Espas Auto, најголемиот дистрибутер во Бугарија на автомобили Renault и Dacia.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK