Несекојдневен потег на Mazda – ќе подари дури 50 автомобили! Оваа вест ја потврдија од самата компанија кои го наведоа и начинот врз основа на кој ќе бидат доделени односно подарени овие автомобили.
Како што соопштуваат оттаму, компанијата ќе додели автомобили на заслужни наставници, полициски службеници, доктори и други лица кои активно работат на спасување, спречување и менаџирање на Ковид-19 кризата.
Целта е да се оддаде почит за храброста и несебичноста во надминување на кризата која буквално го парализираше светот. Добитниците ќе бидат објавени во декември, а при тоа ќе имаат можност да добијат Mazda MX-5.
Оваа несекојдневна активност се поклопува и со големиот јубилеј од 100 години постоење на јапонскиот производител.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]