Mazda ја продаде фабриката во Русија за 1 евро

ОБЈАВЕНО НА:

Руската компанија Sollers официјално стана единствен сопственик на фабриката во Владивосток откако го купи уделот на Mazda за сума од 1 евро. Договорот беше склучен на 24 октомври, но дури вчера беше целосно затворен. Проверката на официјалните документи покажува дека од 14 декември сопственик на фабриката е Sollers.

Mazda проценува дека напуштањето на фабриката и прекинот на производството ќе ја чини компанијата повеќе од 80 милиони евра. Пред само еден месец, јапонската компанија локално во Владивосток ги произведе кросоверите CX5 и CX9.

Јапонската компанија има право да ги откупи своите акции во рок од три години

Се очекува Солерс да продолжи со производството на автомобили, но со нови партнери, што најверојатно ќе се случи дури околу средината на следната година.

Од компанијата коментираат дека новите модели ќе ги заменат кросоверите произведени досега таму, но без да прецизираат од која марка ќе бидат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK