Маските за Samsung Galaxy S8 стигнаа пред мобилката

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата која изработува маски за паметни телефони, Dbrand почна да прима нарачки за маски за Samsung Galaxy S8 и Samsung Galaxy S8+ иако мобилниот телефон сѐ уште не е пуштен во продажба, ниту пак официјално е потврдено како ќе изгледа.

Маските кои Dbrand ги нуди се во неколку варијати: карбон фибер, кожа, дрво, и метал, а цената се движи од 9,95 до 16,5 долари.

Компанијата, при тоа, објави и неколку податоци за изгледот на телефонт, кои Samsung сѐ уште официјално ги крие. Односно, информираат дека Galaxy S8 е инженерско дело, кое на задната страна ќе има сензор за отпечаток на прст.
Samsung најави дека на 29 март годинава, во Њујорк на настанот „Galaxy Unpacked“ ќе ги претстави новите мобилки.

Новите модели се покажаа како една од најслабо чуваните тајни на Samsung, иако производителот има големи очекувања од овие телефони и сѐ уште не излегува со информации за нивните карактеристики.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK