Макрон ќе ургира да се намали цената на дизелот во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на горивата се зголемија од почетокот на годината. Во секоја земја има различни реакции на зголемувањео на цените, кои слабо се намалуваат кога се намалува и цената на суровата нафта на светската берза. Во Франција, безоловниот 95-E10 достигна просечна цена од 1,8776 евра, а дизелот 1,8382 евра. Претседателот Емануел Макрон сака да воспостави механизми за намалување на цената на дизелот.

„Ќе се обидеме да направиме нешто, ќе видите“, изјавил претседателот на Франција. Потсетувајќи дека помошта веќе постои за големите корисниси и воспоставувањето на додаток за гориво, Емануел Макрон очигледно апелира до TotalEnergies да постави попуст на пумпите.

„Се надевам дека дијалогот меѓу министерството и засегнатите компании и како што беше направено минатата година за гориво со попуст на пумпата. Тоа е важно во период во кој треба да ги поддржиме нашите сонародници, а особено оние кои работат“, изјавил Макрон.

Веќе соочена со пораст на цените на горивата во 2022 година, владата спроведе попуст од 30 центи за литар на 1 септември 2022 година, пред да го намали на 10 центи на 16 ноември. Оваа помош беше прекината на 31 декември, откако беше генериран трошок од осум милијарди евра.

Од 1 јануари, владата воведе повеќе насочена помош, додаток за гориво од 100 евра наменет за десетте милиони Французи со најниски примања. Барањето се прави на страницата на управата за јавни приходи и првично беше возможно до крајот на февруари, но беше продолжено до крајот на март. Само половина од оние што било предвидено се јавиле на огласот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK