„Макпетрол“ во февруари ќе испорачува гас по намалени цени

ОБЈАВЕНО НА:

Како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, во февруари „Макпетрол“ ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас), како и на природниот гас. Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12.74%, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден./кг. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

– Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром“, како и поради фактот што „Макпетрол“ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас – истакнуваат од компанијата.

И покрај енергетската криза што го зафати секој дел од светот, а нејзиното влијание особено се чувствува на европскиот континент, „Макпетрол“ врши стабилна и навремена испорака и на ЦНГ-метанот и на природниот гас. Продолжувајќи во насока на досегашната политика на компанијата, „Макпетрол“ и во периодот што следува ќе продолжи да инвестира и да го унапредува овој сегмент од своето работење.

Капацитетот на „Макпетрол“ на планот на нафтените деривати, како и на другите енергенси, е единствен на македонскиот пазар, односно се работи за бренд чие што 75-годишно искуство и расположлив кадар овозможува да постигнува вакви резулати сè со цел на своите деловни партнери да обезбеди најквалитетни енергенси по најповолни цени.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK