Казна поради пиење кафе!

ОБЈАВЕНО НА:

Ајде на кафе! Ќе пиеме ли по едно кафе? Тоа се нашите секојдневни навики. И не ретко после некое кафе седнуваме зад управувачот. Но, во некои земји ако пиете кафе, може да добиете и казна.

Тоа му се случило на извесен Џозеф Шваб од Калифорнија кој ќе мора на суд бидејќ е обвинет дека возел под дејство на кофеин.

Возејќи, „пресекол пат“ на припадници на единица за контрола на прометот на алкохолни пијалоци во цивилно возило.Тие го пресретнале и застанале, а во пријавате напишале дека возилото чудно се однесувало.

Алко тестот покажал нула, но контролата не верувала па го однела возачот во станива и му земале крв за проверка. И таму немало присуство на алкохол, ниту пак некоја недозволена суспстанца. Но, имало присуство на кофеин.

Пријавата сепак минала кај надлежните, и сега Шваб ќе мора да одговара на суд. Неизвесно е само под кое обвинение, бидејќи нема конзумирано алкохол ниту други недозволени суспстанци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK