Citroеn 2CV инспириран од Дејан Христов (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Иконите во автомобилската индустрија секогаш биле инспирација за дизајнерите, особено помладите и оние што сакале да покажат некои свои идеи и визии. Меѓу познатите независни македонски дизајнери секако е Дејан Христов, кој своите идеи и размислувања ги пренесува преку платформата Behance. А некои од нив изгледаат и навистина интересни. Откако неодамна се запознавме со неговото видување на Jeep Renegade сега тој за пример зема една автомобилска икона – Citroen 2CV.

Овој модел инспирирал многу млади дизајнери. При дизјанирањето на неговиот модел користел елементи од 2CV во првата генерација на C3, C3 Pluriel, концептот REVOLTe од 2009 година. Ја задржа иконската силуета на оригиналниот 2CV (1948-1990), вклучувајќи ја заоблената форма на линијата на покривот, изразените браници и карактеристичната хауба.

Темно обоените LED фарови, минималистичката решетка, прекрасната површина на извајана каросерија, камерите што ги заменуваат огледалата и задните светла со целосна ширина го носат 2CV во модерното време со интересен пресврт. Наместо да оди по конвенционален супермини хечбек, дизајнерот се насочил кон издигнат изглед на кросовер.

Citroеn 2CV by Дејан Христов

Ова е постигнато со алуминиумските тркала. Пластичната обвивка е ограничена на долниот дел од браниците и страничните прагови, одржувајќи го изгледот елегантен. Останувајќи верен на суштината на оригиналот, голем дел од покривот се повлекува за уживање во возењето на отворено. Кабината со пет седишта на 2CV EV ќе ги има сите потребни погодности, вклучувајќи инфозабавен екран на допир, контрола на климата, електрични прозорци и соодветен аудио систем.

Во однос на димензиите, 2CV EV порасна за 381 mm во споредба со оригиналот, што резултира со должина од 4.241 mm. Ова би го сместило меѓу модерните B-SUV возила.

 

Ако Yugo беше електрично – низ скиците на Македонецот Дејан Христов (ФОТО)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK