Луксузниот Range Rover SV ќе понуди 1,6 милиони комбинации за персонализација

ОБЈАВЕНО НА:

Land Rover го претстави редизајнираниот Range Rover годинава и компанијата не губи време покажувајќи го обемното прилагодување што е достапно на луксузната SV варијанта од Special Vehicle Operations (SVO). Моделот ќе понуди конфигуратор со импресивни 1,6 милиони различни опции за прилагодување.

SVO има планирано голем број иновации во однос на материјалите и боите, и првпат брендот нуди контролни копчиња, контролери и апликации на керамика, рачно поставени мозаични украси на конзолата, Ultrafabrics алтернатива на познатиот луксузен кожен тапацир, специфичен решенија на бои на надворешноста и многу други.

„Работата со најдобрите материјали и иновативни технологии ни даде можност да внесеме уште повеќе луксуз на секој од елементите на новиот Range Rover SV“, изјави Мајкл ван дер Санде, извршен директор на SVO. „Вниманието на деталите и квалитетот се видливи низ автомобилот и се симболизирани со нашиот нов керамички амблем на задната врата SV.

За лансирањето на RANGE ROVER SV, SVO има планирано и неколку тематски дизајн изведби, меѓу кои SV Serenity, со акцент на луксузот и SV Intrepid за помалку забележлив изглед.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK