Лондонското такси ќе вози и во други европски метрополи

ОБЈАВЕНО НА:

Црните такси возила во Лондон се неговиот заштитен знак. London Taxi Company (LTC) која го произведува најновиот модел ТХ5 сака до крајот на оваа декада ја го зголеми производството на 10.000 возила годишно. Но, за таа цел ќе мора да има и извоз на возила во други земји од Европа.

Компанијата моментно е во сопственост на кинескиот автомобилски призводител Geely, кој ја купи фирмата во 2013 година. Осло, Париз, Амстердам и Берлин се градовите каде првично ќе биде понудено таксито. Првите испораки надвор од Велика Британија би требало да бидат реализирани во 2018 година.

Проблем може да биде најавеното излегување на земјата од ЕУ, што може да им ги загрози плановите за продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK