Logan и Sandero со по две ѕвезди на краш тестот на NCAP (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неславен настап на Euro NCAP краш тестот имаа двата подновени модели на Dacia, Logan и Sandero Stepway. Овие два модели добија само две од максималните пет ѕвезди за безбедност.

Најдобриот перформанс Logan го доби во однос на безбедноста на задната клупа. Тука освои скор од 72%, 2% повеќе од безбедноста на возачот. Во однос на безбедноста на пешаците освои 41% скор, а во однос на безбедносната асистенција 42%.

Во сегментот на мали фамилијарни автомобили, Dacia Logan има подобар скор само од Fiat Punto кој пред неколку години не освои ниту една ѕвезда.

Stepway верзијата на Dacia Sandero оствари идентичен скор на овој краш тест како и Logan, 70% во однос на безбедноста на возачот, 72% во однос на безбедноста на децата на задната клупа, 41% скор во однос на безбедноста на пешаците и 42% за безбедносната асистенција.

Слично како и Logan, така и Sandero на овој краш тест има остварено подобар скор од само еден модел. Така во класата супермини е подобар само од Fiat Panda која како и Punto во 2018 година не освои ниту една ѕвезда.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK