Од Lexus дистрибуираа информација, фотографии и видео на целосно новиот концепциски развој LF-Z ELECTRIFIED, со чија помош може да се добие претстава на иднината, а особено во електричниот дел на брендот.
Покрај тоа од споделуваат и дека во следните пет години ќе станеме сведоци на премиерата на два целосно нови и сериозно обновени пазарни понуди на брендот. Во тој дел ќе фигурираат и целосно електричните автомобили, хибриди со полнење и без полнење во различни сегменти.
LF-Z ELECTRIFIED има основни димензии: должина 4.880 мм, ширина 1.960 мм и висина од 1.600 мм, а растојанието меѓу оските на електромобилот е речиси три метри (2.950 мм).
LF-Z ELECTRIFIED
Со тежина од 2.100 килограми, концепцискиот развој е опремен со батериски модул со капацитет од 90 kWh, што ветува реализација на автономија од 600 километри (стандард на WLTP мерење).
Според најавата на Lexus, LF-Z ELECTRIFIED располага со систем за полнење со капацитет од 150 kW, моќноста на погонскиот систем е 545 коњски сили, вртежниоот момент е 700 Нм, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч може да биде постигнато за три секунди.