Италијанскиот производител на автомобили Lamborghini го претстави новиот бренд во автомобилскиот дизајн кој се нарекува “Terzo Millennio” (Трет Милениум). Автомобилиот беше претставен на Технолошкиот институт во Масачусетс и засега впечатоците се импресивни.
Според својот изглед автомобилот потсетува на вселенско летало, а има и импресивни податоци за него. Информациите велат дека секое тркало ќе биде придвижувано од посебен електричен мотор, а „гориво“ ќе овозможат таканаречените „модерни суперкапацитатори“.
„За нас беше навистина многу возбудливо да ја споиме идејата на Lamborghini, како бренд за иновации и млади студентски умови, а тоа не мотивираше. Мислам дека ја исполнивме целта за оваа година. Многу луѓе го видоа автомобилот и се возбудени, а мешу нив се и многу млади лица. Тоа беше нашата почетна мисија и мислам дека успеавме во неа“, вели Митја Боркет, шефот на дизајнерскиот тим во Lamborghini.
Има и единствена техника кај овој модел, која се нарекува „самоисцелувачка“ каросерија, а таа е направена од јаглеродни влакна. Оваа технологија дозволува да се следи штетата на каросеријата и да се создаде систем за поправка користејќи нанотехнологија. Пукнатините автоматски се исполнуваат со специјален материјал, а се зацврстува површината и се отстрануваат недостатоците.
Овој прототип претствува и неколку револуционерни технолошки откритија. Тука има новитети во дизајнот на единицата за напојување, како и суперкапацитаторите и блоковите за собирање на електричната енегрија кои се користат како гориво за автомобилот. Новиот модел ќе го придвижуваат четири мотори, а дизајнирани се така што со акумулаторот заедно ја чуваат енергијата под хаубата.
Terzo Millennio нема да биде достапен уште неколку години, но новата технологија и иновациските решенија постепено ќе бидат претставувани во новите модели на Lamborghini.