Lamborghini го ограничува производството на 8.000 автомобили годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот бренд кој функционира во рамките на Volkswagen Групацијата, Lamborghini, објави дека ќе го ограничи годишното производство на 8.000 автомобили.

Изминатата година Lamborghini на светските пазари пласираше 5.750 што претставува рекордна продажба кога е во прашање овој спортски производител.

Шефот на италијанската компанија Стефано Доменикали изјави дека оваа календарска година очекува да го надмине минатогодишниот рекорд и да оствари продажба од околу 7.000 возила годишно. Сепак и покрај трендот на зголемување на продажбата тој најави дека годишното производство ќе се ограничи на 8.000 возила годишно.

Следејќи ги продажните бројки, се очекува половина од оваа бројка да припаѓа на Lamborghini Urus додека останатите ќе припадната на наследниците на Huracan и Aventador како и новиот четврти модел кој ќе биде воведен во понудата.

Ова произлегува од целосната искористеност на капацитетите, но и со цел да се ограничи ексклузивноста на брендот.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK