Кризата со гориво во САД создаде редици со луѓе кои се обидуваат да се снабдат со резервни количини на гориво на секој начин. Последните денови може да се видат повеќе фотографии, кои покажуваат на кој начин се снаоѓаат луѓето за да дојдат до повеќе гориво.
Изгледа дека луѓето се трудат да го складираат горивото и користат секаков можен тип на контејнери за таа цел вклучувајќи и најлонски вреќи.
Тоа е многу опасно, но на луѓето им е добро понато. Сепак, засега не ги почитуваат објавите од страна на властите на САД кои велат ги повикуваат граѓаните да престанат да користат најлонски вреќи за складирање на гориво.
После објавувањето на неколку фотографии на интернет кои може дасе види како се полни гориво во вреќи, на акаунтот на Комисијата за безбедност на САД за корисничките продукти беше објавен пост, со кој се повикуваат граѓаните да не го прават тоа.