Продажбата на нови автомобили во Кина во јануари доживеа крах забележувајќи пад од 18% во споредба со јануари минатата година.
Заситеноста од пазарот, но и коронавирусот во најголема мера, се причините за овој огромен пад на продажбата. Со падот, продолжува 19 месечната агонија на пазарот на нови автомобили проследено со континуиран пад на продажбата.
Така во јануари годинава продадени се 1,94 милиони нови автомобили што е далеку помалку од јануари минатата година, но воедно и еден од најслабите месеци во последните 15-тина години.
Инаку поради коронавирусот во Кина во моментов работат само 59 од претходно 183 затворени фабрики за автомобили и компоненти за автомобилската индустрија.