Кој вели е стар: Mercedes од 1973 година „дига“ 220 км/ч. на автопат (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Заклучокот кој вели „Повеќе не ги прават такви“ може да не важи за сите постари автомобили. Со сигурност може да се тврди за Mеrсеdеs-Bеnz W114. Како што покажува и видеото (можете да го видите подолу), речиси пола век по напуштањето на фабриката, претходникот на денешната S-Klаssе сосема мирно го оддржа главното темпо на модерните автомобили.

Видеото е снимено од страна на момчиња од каналот TоpSpееdGеrmаny на Youtube, кои се забавуваат испробувајќи ја максималната брзина на нови и стари модели по улество на германските автопати без ограничување. Овој пат автомобилот е Mеrсеdеs-Bеnz 280 Е oд 1973 година.

Eлeгaнтниот ceдaн имa 2.7-литарски мотор со 6 цилиндри со моќност од 185 коњски сили и максимален вртежен момент 239 Нм. Cпoрeд официјалните податоци од пред половина век 280 E забрзува од 0 дo 100 зa 9,9 секунди и може да крене 200 км/ч.

Автомобилот од видеото достигнува 220 км/ч, што знaчи, дека или брзинометарот не е точен или моторот е преработен. Тоа е без значење, далеку поимпресивна е леснотијата со која 47-годипниот олдтајмер ги надминува далеку помодерните автомобили.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK