Opel/Vauxhall во соопштение за јавноста објави дека воведува уште една, трета смена во својата фабрика во Лутон, Велика Британија.
Зголемената побарувачка на комерцијални возила си го прави своето, па од 12 јули во оваа фабрика 24/7 ќе се произведуваат моделите Vauxhall/Opel Vivaro, Citroen Jumpy/Dispatch и Peugeot Expert.
Во соопштението е наведено и дека 188 работници ќе бидат прекомандувани од фабриката во Елсмер Порт, во која се произведува моделот Astra, во фабриката во Лутон. Со тоа бројката на привремено вработени во оваа фабрика ќе изнесува 1.750 работници.