Доверливоста треба да ви биде приоритет број еден кога купувате нов автомобил. Според Consumer Reports, овие брендови го водеа „товарот “ за 2024 година…
Доверливоста треба да биде на врвот на вашата листа на приоритети кога купувате автомобил. Без разлика дали е нов или користен, важно е да се осигурате дека вашиот автомобил ќе трае долго време, избегнувајќи главоболки и потенцијални механички сметки.
Тимот од Consumer Reports состави листа на 22 најсигурни марки на автомобили за 2024 година, давајќи им на купувачите солидно место за почеток.
Consumer Reports ја „пресмета “- својата листа користејќи податоци од сопствените истражувања за доверливост, каде што бара од корисниците да пријават за автомобилите што ги купиле. Пополнуваат прашалник, кој вклучува дел каде што можат да пријават проблеми.
Топ 10 марки се главно оние што би ги очекувале, а Toyota, Mazda и Honda имаат високи места. Но, има и неколку изненадувања, со германските брендови како BMW и Audi меѓу првите 10 најсигурни брендови. За жал (за тамошните патриотски расположени купувачи), нема американски брендови претставени во топ 10 најсигурни брендови на Consumer Reports.
Еве ја листата и објаснувањето на Consumer Reports за нивниот избор.
- Subaru
Оценка за доверливост CR (Consumer Reorts): 68/100
Иако не сме изненадени кога гледаме јапонски производител на врвот на оваа листа, ние сме изненадени кога го гледаме Subaru. Вообичаено, Toyota или нејзината сестринска марка, Lexus, се наоѓаат на врвот на рангирањето за доверливост. Но, за 2024 година, тоа е брендот познат по својот симетричен погон на сите тркала и боксер-четири мотори. Consumer Reports вели дека два од моделите на Subaru – Forester и Impreza – постигнале над просекот, додека остатокот од неговата постава постигнал над просекот до просекот. Единствениот автомобил во понудата на Subaru со постигнати резултати под просекот беше целосно електричната Solterra, која, случајно, е преработена Тојота.
- Lexus
Оценка за доверливост на CR: 65/100
Toa е веќе нормално на некој начин. Lexus е во врвот, овој пат луксузниот под-бренд на Toyota, заостанува малку зад Subaru, за позиционирање на второто место на листата на најсигурни брендови на Consumer Reports за 2024 година. Возилата на Lexus, имено, долго време се познати по нивните неверојатно сигурни погонски единици. Треба да не е познато (според примерот од Consumer reports) Lexus GX бил возен 288.000 милји на релација од Њујорк до Алјаска и назад, и единственото нешто што морало да се смени било маслото. Consumer Reports вели дека четири од седумте модели на компанијата постигнале над просекот, додека другите три постигнале просек.
- Тоyotа
Оценка за доверливост на CR: 62/100
Toyota, најпозната по својата неспоредлива сигурност, е на третото место за 2024 година, веднаш зад Lexus. Очекуваме да ја видиме оваа марка на прво место, но потпросечните оценки за доверливост за возила како што се Tundra и целосно електричниот bZ4X го намалија вкупниот резултат на компанијата. Тоyota издаде повлекување претходно оваа година за неисправни мотори во околу 100.000 камиони и теренци, што сигурно придонесе за ова рангирање. Сепак, Consumer Reports вели дека Тоyota имала 11 модели кои постигнале резултати или многу над, или над просекот. Тоа не е лошо! .
- Honda
Оценка за доверливост CR: 59/100
Ова не претставува изненадување за било кој што и малку нешто знае за автомобилте. Honda пристигнува на четвртото место за најсигурни марки на автомобили во 2024 година, според Consumer Reports. Како Toyota, така и Honda е позната по своите сигурни автомобили, кои можат да поминат стотици илјади милји само со редовно одржување. Јапонскиот производител на автомобили имаше три модели кои постигнаа над просекот во резултатите од истражувањето, додека седум добија просечни оценки.
- Аcura
Оценка за доверливост CR: 55/100
Acura луксузната подмарка на Honda, следи веднаш зад листата за доверливост на Consumer Reports за 2024 година зад мајката Компанија, постигнувајќи еден натпросечен модел. Компанијата продава само пет модели, два седани и три теренци. Првиот EV на Acura, моделот ZDX, лансиран минатата година, користи технологија за батерии од американскиот бренд General Motors, иако Consumer Reports не откри дали проблемите од тоа возило влијаеле на севкупниот резултат на марката.
- Мazda
Оценка за доверливост CR: 55/100
Mazda, уште еден јапонски производител на автомобили, се наоѓа на шестото место под брендот Acura. Иако не е толку популарна како Toyota или Honda, Mazda разви репутација за цврста конструкција и долготрајни погонски единици. Посветеноста на компанијата за уживање во возењето е само црешата на врвот на колачето. Се чини дека причината поради која Mazda не постигна повисоки резултати е нејзиниот голем SUV CX-90, кој постигна резултати далеку под просекот во хибридна форма. И бензинската и хибридната верзија исто така имаа проблеми со преносот, управувањето, суспензијата и електрониката, според претплатниците на Consumer Reports.
- Аudi
Оценка за доверливост CR: 54/100
Ова е малку изненадување. Германските брендови обично не се познати по нивната доверливост, но сепак Audi успеа да се пробие на оваа листа, застанувајќи на повеќе од солидното седмо (7) место во севкупното истражување. Германскиот производител на луксузни автомобили е првиот од само двете европски бренда во Топ-10. Вреди да се напомене дека оваа листа е пресметана со помош на проблеми пријавени за нови автомобили, што значи дека сè уште е можно доверливоста да се намали со текот на времето, како што често се случува на американскипот пазр, со скапи европски возила.
- BMW
Оценка за доверливост CR: 53/100
BMW е вториот (и последен) европски производител на автомобили на оваа листа на Consumer Reports, доаѓајќи како осма најсигурна марка. Како и во случајот на Audi, ние и тука сме изненадени кога го гледаме овде, бидејќи германските автомобили не се познати по тоа што се најсигурните работи во светот. BMW произведува некои од најдобрите автомобили на пазарот денес, не само во своите M автомобили ориентирани кон перформанси, туку и во повеќе патнички седани и теренци (SUV/crossover) модели. Како и многу други хибриди споменати во својот извештај, Consumer Reports вели дека хибридот X5 постигнал резултати под неговиот пандан само на бензин, кога станува збор за доверливоста.
- Kia
Оценка за доверливост CR: 51/100
Kia е првата корејска марка која се појави во топ 10 листата на најсигурни марки на автомобили, застанувајќи веднаш под BMW на деветтото место. Kia стана моќник во автомобилскиот сектор со пристапни цени, развивајќи добри автомобили. Дизајнот на компанијата е еден од најдобрите во бизнисот, а неговите GT модели се навистина забавни за возење.
- Hyundai.
Оценка за доверливост CR: 50/100
Заокружувајќи ја листата на Consumer Reports на топ 10 најсигурни производители на автомобили е сестринскиот бренд на Kia, марката Hyundai. Исто како и Kia, така и Hyundai не беше секогаш голема сила во евтиниот автомобилски простор. Но, изминатава деценија бевме сведоци на вистинска експлозија на популарноста на корејскиот производител на автомобили. Тоа е благодарение не само на силната гаранција од 10 години и 100.000 зиминати милји (повеќе од 160.000 километри), туку и на одличниот дизајн и солидното искуство во возењето. Кој би помислил, пред 10 години, дека еден од највозбудливите автомобили на пазарот ќе биде електричен Hyundai? Не и ние.
Consumer Reports: листа на најдоверливи автомобилски марки во 2024 година
- Subaru
- Lexus
- Toyota
- Honda
- Acura
- Mazda
- Audi
- BMW
- Kia
- Hyundai
- Buick
- Nissan
- Ford
- Genesis
- Volvo
- Chevrolet
- Tesla
- Volkswagen
- Jeep
- GMC
- Cadillac
- Rivian