Кои се најдобрите 11 години стари автомобили според TUV

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сакате сигурен користен автомобил, секој локален „познавач“ ќе ви каже да барате германски или јапонски автомобил и да ги избегнувате француските или италијанските. Ако се суди според податоците на TUV за 2019 година, тоа секогаш не е факт кај новите автомобили. Но, кај овие возила со 10-11 годишна старост во голем степен се совпаѓа со фактите.

TUV е германска Асоцијација за технички инспекции која секоја година ги рангира автомобилите според пријавните дефекти. Кај возилата кои се стари 11 години на првото место и понатаму останува Porsche 911, со малите 11,7% автомобили со констатирани дефекти. За одбележување е тоа дека спортската машина е со многу ниска просечна километража, која е трипати помала од Audi A6, кој е позициониран на средина од табелата.

На врвот се наоѓаат неколку поретки и поспортски модели на германски производители, како и првата производствена серија на VW Tiguan. Затоа, пак, во Топ 20 се дури девет јапонски автомобили, а Mazda 2 го зазема престижното 2. место. Од француските брендови најдобро место има Peugeot 107.

ТОП 15 ВO ИЗВЕШТАЈОТ НА ТУВ ЗА 2019:

  1. Porsche 911 – 11.7 – 77 000 км.
  2. Mazda 2 – 15.7 – 92 000 км.
  3. Audi TT – 16.8 – 112 000 км.
  4. Mercedes SLK – 18.6 – 89 000 км.
  5. VW Golf Plus – 18.9 – 115 000 км.
  6. Toyota Auris – 19.1 – 110 000 км.
  7. Toyota Corolla Verso – 19.5 – 140 000 км.
  8. Opel Agila – 20.9 – 86 000 км.
  9. VW Tiguan – 21.6 – 128 000 км.
  10. Mercedes A-classe – 21.8 – 105 000 км.
  11. Ford Fusion – 21.9 – 98 000 км.
  12. Toyota Yaris – 22.3 – 102 000 км.
  13. VW Eos – 22.5 – 117 000 км.
  14. Toyota Avensis – 22.6 – 149 000 км.
  15. Toyota RAV4 – 22.8 – 129 000 км.

* Модел-Број на дефекти на 100 автомобили-Средна километража кај тестираните возила

Следете не и на:

24AUTO NETWORK